Заболувањата
во устата и атеросклерозата
Здравјето
на устата и забите е директно поврзана со појавата на атеросклерозата.
При оваа хронична болест доаѓа до промени на крвните садови
- нивно стеснување и намалување на нивната еластичност. Овие
процеси се резултат на натрупување на масти, холестерол, клеточни
продукти и калциум во ѕидот на крвните садови во вид на т.н
„плаки“.
Како резултат на овие промени, се зголемува ризикот од формирање
тромби (згрутчена крв) во крвните садови, како и нивно пукање
и крварење.
Здравјето
на ткивата во усната празнина е директно поврзано со атеросклерозата
и компликациите од неа:
Периодонталните заболувања го зголемуваат ризикот
од атеросклеротични промени на крвните садови поради присуството
на вирулентни бактерии кои често доаѓаат и во општиот крвоток.
Покажано е дека во 40% од случаите при четкање
на забите, кај луѓето со заболувања на периодонталните ткива,
може да се докаже присуство на бактерии во крвта. Ова значително
го зголемува ризикот од атеросклероза како и брзината на нејзиното
развивање.
Најдобар начин за спречување на овие проблеми е со редовно одржување
на хигиена на ткивата во усната празнина и водење грижа за здравјето
на забите.
На иста тема:
BBC
News: Tooth-brushing 'cuts heart risk'
|