Градбата на забите
Забите се состојат од три дела:
Коронка
(круна) -надворешниот, видлив дел од забот
Корен
- делот од забот кој е всаден во виличните коски
Врат на забот - тесен дел кој ги поврзува коронката
и коренот на забот
Иако на прв поглед забите изгледаат компактни,
тие се изградени од повеќе ткива кои заедно им ја даваат потребната
отпорност и цврстина.
Во
внатрешноста на секој заб се наоѓа забната пулпа (она што во народот
е неправилно познато како „нерв“ на забот) во која освен нервите кои му
даваат на забот осет за топло/студено, болка и притисок се содржат и крвните
садови кои го исхрануваат забот, лимфни садови, одбрамбени клетки и сврзно
ткиво. Заедно со другите клеточни елементи, крвните и нервнте садови ја
исполнуваат пупината комора која преку коренските канали
е поврзана со околното ткиво околу врвовите на корените. Пулпината комора
надворешно е ограничена со помош на средниот слој - дентинот.
Дентинот го изградува најголемиот дел од забот и покрај неговата
цврстина (која е поголема од цврстината на коските) тој има и голема
способност за прилагодување и по потреба се создава целиот живот,
но само додека е здрава и пулпата, која го исхранува овој слој.
Во нивото на коренот, дентинот е покриен со цемент - цврсто
ткиво кое го штити коренот на забот и заедно со другите ткива од
периодонциумот го поврзува забот за забната чашка - алвеолата
Во нивото на забната коронка, дентинот е покриен со емајл - кристална
супстанција со најголема отпорност во човековото тело. Емајлот се
создава пред никнувањето на забот и неговата градба е дефинитивна
- во текот на животот не може повторно да се создаде. Затоа е значајно
да се посвети внимание на правилната
исхраната на жените во периодот на бременоста и на децата пред
никнувањето на трајните заби.
|