Stomatolog.com.mk - Д-р Нечаковски - Вашиот стоматолог на интернет  
 
Локација
Работно време
Услуги
Персонал
Вработување
Контакт
PRESS
За сајтот..
Ласерска
терапија (LLLT)
Порцелански
изработки
Продолжување на
клиничката коронка
За хијалуронските
полнители (филери)
За амалгамските
пломби
Имплантација
на заби
Фокални
заболувања
За кариесот
Пародонтопатија
Градба на забите
Бременоста и
  забите
Исхраната и
кариесот
Атеросклероза
За проблемите со
виличниот зглоб
Страв од
стоматолог
За хигиената
на устата
Криви заби
Фиксни протетски
  изработки
Забни протези
..за пирсингот
..за млечните заби
..за пломбирањето
Кандидијаза
Дијастема
Забна ерозија
Естетска стоматологија
-
Master Card
 
VISA
-
-

10.03.2008 Најтиражниот весник за здравјето во Македонија - „24 часа здравје“ во новиот број од 10.03.2008 објави нов текст од Д-р Александар Нечаковски под наслов „Орална Кандидијаза

17.12.2007 Tекстот „Импланти - современа замена за изгубените трајни заби“ од д-р Александар Нечаковски објавен во Весникот 24 Часа Здравје.

05.11.2007 Причитајте повеќе за проблемите со виличниот зглоб во текстот објавен во Весникот 24 Часа Здравје. Целосниот текст можете да го прочитате тука.

09.07.2007 Нов текст од д-р Александар Нечаковски објавен во Весникот 24 Часа Здравје. Во бројот од 09.07.2007 весникот го објави текстот „Пломби со флуориди ги штитат забите од расипување“Целосниот текст можете да го прочитате тука.

26.02.2007 Весникот 24 Часа Здравје објави текст за млечните заби од Д-р Александар Нечаковски
24 Часа Здравје, неделниот прилог на дневниот весник Дневник во бројот од 26.02 објави текст кој се базира на одговорите на најчето поставуваните прашања за млечните заби.

25.05.2006 Д-р Тина Нечаковска и Д-р Александар Нечаковски учествуваа на IV Конгрес на стоматолозите од Македонија со меѓународно учество
На конгресот кој се одржа во Охрид од 22-15.06 2006, во рамките на постер излагањата од Превентивната стоматологија, Д-р Нечаковска ја презентира темата „Значењето на систематските прегледи во стоматологијата“

25.05.2006 Д-р Александар Нечаковски гостин во емисијата „Нова“ на Тера Телевизија - Битола
Тема на разговорот беа популарни теми од стоматологијата: хигиената на устата и забите, заштитата од кариес кај бремените жени, начините за белење на забите и нивната сигурност како и ефектите на гумите за џвакање без шеќер.

08.09.2005 Stomatolog.com.mk избран за Сајт на денот на весникот Време. Во текстот под наслов „Битолските кибер-стоматолози“ од бројот 486 од 07.09.2005 весникот Време пишува за нашиот сајтот и дава идеи за негово подобрување...

20.07.2005
Д-р Александар Нечаковски учествуваше на специјална обука за имплантологија во Розбах, Германија.

На обуката во организација на Schutz Dental Group која се одржа од 14-17 Јули учествуваа 10 стоматолози од Македонија а тема беше имплантолошкиот систем Impla.

03.06.2005
Ординацијата започна да работи со „сини картони“

Стоматолошката ординација Д-р Нечаковски и Фондот за здравствено осигурување на Македонија на 03.06.2005 потпишаа Договор за обезбедување на услуги од примарната стоматолошка здравствена заштита за осигурениците на Фондот, односно услуги со „сини картони“.

11.05.2005 :
Д-р Тина Нечаковска и Д-р Александар Нечаковски учествуваа на Балканскиот Конгрес на Стоматолози во Белград, СЦГ
01.04.2005 :
Започна изборот на матичен стоматолог

Според известувањето на Фондот за здравствено осигурување на Македонија од 01.04.2005 започна постапката за избор на матичен стоматолог. Започнувајќе од 1 Април потребно е да не' посетите со вашата здравствена легитимација за пополнување на потребните формулари со кои ќе се овозможи користење на услугите на нашата ординација со „сини картони“ односно според условите на ФЗО. За сите дополнителни информации, јавете се на нашиот телефон (047-254-528) или посетете не' во ординацијата секој работен ден.

26.01.2005 :
Д-р Александар Нечаковски гостин на Македонското радио

На 26.01.2005 година Д-р Александар Нечаковски беше гостин во емисијата „Здрав Живот“ на Првата Програма на Македонското Радио. Емисијата беше со почеток во 14:15 часот, се емитуваше во живо, и беше посветена на современите начини за грижа за здравјето на забите.

14.09.2002:
Д-р Тина Нечаковска наградена на III Конгрес на стоматолозите од Македонија
Награда

Постер презентацијата „Децата од Битола зборуваат за забите“ од Д-р Тина Нечаковска беше наградена за најдобра постер презентација од Конгресниот и научниот одбор на последниот
III Конгрес на стоматолозите од Македонија со меѓународно учество кој се одржа од 11-14 Септември 2002 година во Охрид. Оваа награда беше доделена само на еден автор од Македонија во конкуренција од над 150 учесници.

Наградената презентација ќе биде постојано изложена во просториите на Научно-истражувачкиот институт на Стоматолошкиот Факултет во Скопје.

понатаму


 
Стоматолошка ординација Д-р Нечаковски Ул. Филип Втори Македонски 54-1/1 Битола Тел. 047-254528, 070-312-264, 075-306-509