Stomatolog.com.mk - Д-р Нечаковски - Вашиот стоматолог на интернет  
 
Локација
Работно време
Услуги
Персонал
Вработување
Контакт
PRESS
За сајтот..
Ласерска
терапија (LLLT)
Порцелански
изработки
Продолжување на
клиничката коронка
За хијалуронските
полнители (филери)
За амалгамските
пломби
Имплантација
на заби
Фокални
заболувања
За кариесот
Пародонтопатија
Градба на забите
Бременоста и
  забите
Исхраната и
кариесот
Атеросклероза
За проблемите со
виличниот зглоб
Страв од
стоматолог
За хигиената
на устата
Криви заби
Фиксни протетски
  изработки
Забни протези
..за пирсингот
..за млечните заби
..за пломбирањето
Кандидијаза
Дијастема
Забна ерозија
Естетска стоматологија
-
Master Card
 
VISA
-
-

Биостимулативна ласерска терапија (LLLT)

Што претставува LLLT ?
LLLT-(low level laser therapy) (уште позната како Нискоинтензивна Ласерска Терапија, Фотомедицина или Биомодулација) претставува биостимулативна ласерска терапија при која енергијата генерирана со помош на ласерски апарат, со употрба на црвена и инфрацрвена светлина се насочува врз ткивото при што има повеќекратно позитивно дејство. Таа енергија врз клетките има биостимулативно дејство, забрзувајќи го процесот на регенерација и заздравување на ткивото а исто така и делува намалувајќи го воспалението и болката на клеточно и системско ниво.

LASER

Која е примената во стоматологијата?
Ласерската терапија покрај во многу полиња на медицината нашла широка примена и во стоматологијата.

после вадење на заб, намалувајќи ги постекстракционите компликации и болка
во лекувањето на афтозните промени и декубитуси, кои знаат да бидат болни и да траат долго време
ја намалува дентинската осетливост особено кај заби со оголени забни вратови
помага во намалување на болката и забрзување на регенерацијата на периапикалното ткиво
помага во лекувањето на пародонталната болест
помага во лекувањето на проблемите со виличниот (темпоро-мандибуларен) зглоб

Најширока примена и најголем ефект е документиран при нејзина употреба како дополнителна терапија на стандарната терапија во лекувањето на пародонталната болест. Пародонталната болест е прогресивна воспалителна состојба која ги зафаќа потпорните структури на забот (пародонтот) и е број еден причина за загуба на забите. Со своето биостимулативно дејство врз клетките забрзувајќи ја нивната регенерација , ласерската терапија го надополнува лекувањето на сите форми на гингивално воспаление кое претходи на пародонталната болест и кoe aкo не се санира навреме се продлабочува и води кон пародонтална болест .

Како се изведува ласерската терапија, и дали е безбедна?
Терапијата се изведува еднаш или повеќе пати неделно зависно од индикацијата. Таа е неинвазивна, немедикаментозна, безболна, потребно е многу кратко време за една сеанса, не е потребна никаква посебна подготовка на пациентот и целосно е безбедна за пациентите. Ја изведува комплетно обучен кадар-доктори на стоматологија и при изведувањето задолжително е користењето на заштитни наочари.

SiroLaser Blue

Во Стоматолошката Ординација Д-р Нечаковски се изведува Биостимулативна ласерска терапија со употреба на два вида ласери :

инфрацрвен (904 нанометри бранова должина) и
црвен (658 нанометри бранова должина).

Дополнително, од 2019 година го дополнивме списокот на опрема со уште еден апарат - врвниот диоден ласер Sirona Sirolaser Blue , со чија помош имаме можност за изведување на уште повеќе тераписки постапки, кои спаѓаат во областа на ласерска терапија на меките ткива

инфрацрвен (970 нанометри бранова должина)
црвен (660 нанометри бранова должина)
син (445 нанометри бранова должина).

Која е разликата помеѓу различните видови ласер?
Ефектот на ласерската терапија зависи од брановата должина на ласерот, неговата јачина и начинот на работа (непрекинат или импулсен).

Брановата должина особено прави разлика поради тоа што различни ткива во однос на нивниот состав се во состојба да апсорбираат, пропуштат или рефлектираат различна количина на енергија, само поради различната бранова должина. Со комбинирање на двата типа ласер, имаме можност да ја доставиме енергијата, прецизно тоа место каде што е потребно - било тоа да е на површината на слузокожата и меките ткива, или во длабочината на коската, коренот на забот или виличниот зглоб.

автор на тестот: д-р Емилија Каревска
д-р Aлександар Нечаковски
објавено: 25.06.2015
последна измена: 21.05.2020

 

 

Верзија за печатење Покани пријател да ја види оваа страница
Twitter Share

 
Стоматолошка ординација Д-р Нечаковски Ул. Филип Втори Македонски 54-1/1 Битола Тел. 047-254528, 070-312-264, 075-306-509