Stomatolog.com.mk - Д-р Нечаковски - Вашиот стоматолог на интернет  
 
Локација
Работно време
Услуги
Персонал
Вработување
Контакт
PRESS
За сајтот..
Ласерска
терапија (LLLT)
Порцелански
изработки
Продолжување на
клиничката коронка
За хијалуронските
полнители (филери)
За амалгамските
пломби
Имплантација
на заби
Фокални
заболувања
За кариесот
Пародонтопатија
Градба на забите
Бременоста и
  забите
Исхраната и
кариесот
Атеросклероза
За проблемите со
виличниот зглоб
Страв од
стоматолог
За хигиената
на устата
Криви заби
Фиксни протетски
  изработки
Забни протези
..за пирсингот
..за млечните заби
..за пломбирањето
Кандидијаза
Дијастема
Забна ерозија
Естетска стоматологија
-
Master Card
 
VISA
-
-
За хијалуронот и употребата на полнители (филери)

Што е хијалуронска киселина / хијалурон?

Хијалуронска кисeлина или хијалуронот е природна состојка на човечкото тело од групата на мукополисахариди и ја има широко распространета во сврзното, покровното (епителното) и нервното ткиво. Особено е значајна како дел од меѓуклеточното ткиво (екстрацелуларниот матрикс) во зглобовите и мускулите каде има улога на подмачкувач (лубрикант).

На секои 24 часа, една третина од хијалуронот во организмот се разградува и се обновува, како дел од нормалните физиолошки процеси.

Со текот на годините количеството/процентот на хијалуронската киселина во кожата се намалува, што доведува до појава на брчки и опуштена кожа.

Со користење на средства за исполнување (полнители, филери) кои содржат хијалурон, овие промени можат да поправат и може да се врати изгубеното количество на хијалурон, што го враќа изгледот на млада, свежа, затегната, еластична и хидрирана кожа.

Исто така, со употребата на хијалуронските филери може да се коригира формата или изгледот на делови од лицето со цел да се направат да изгледаат поубаво. Пример за ваква употреба се случаи на

зголемување и обликување на усните
потенцирање на работ на усните
подигање на аглите на усните
пополнување на брчките и браздите на лицето

Хијалуронските филери во форма на биоразградлив гел кај нас се достапни во стерилни шприцеви за еднократна употреба, подготвени за вбризгување на избраната регија.

Предност на хијалуронските филери е тоа што тие немаат никакво влијание на мимиката (подвижноста и движењето) на лицето, како тоа што го прави ботоксот. Најчести прашања со врска sо хијалуронските филери:

Каква е процедурата?
Делот од лицето кој е избран за третирање се чисти, се врши дезинфекција и се обележуваат местата за инјектирање. Мали количества од филерот се инјектираат под кожата со помош на многу тенка игла. На тој начин, гелот ја исполнува вдлабнатината под брчките, ја подига и на тој начин ја израмнува кожата на лицето. Забележливи резултати има веднаш после третманот.

Колку долго трае ефектот?
Во зависност од видот на филерот (концентрацијата на хијалурон) и регијата која се третира, траењето на ефектот е од 6 -18 месеци.

Дали третманот предизвикува болка?
За повеќето пациенти аплицирањето на филер е релативно безболно. Најчесто, пред процедурата на кожата се нанесува локален анестетик во вид на крем или се аплицира анестезија. Евентуалната непријатност во текот на третманот е минимална и трае кратко.

Што се препорачува после третманот?
Поради можност од појава на благ оток се препорачува ставање на ладни облози на местото на апликација на филерот, по 10 минути на денот на третманот и ден после третманот. Не се препорачува масирање на третираната регија. Шминка може да се користи после 12 часа од интервенцијата. Поради поголем ризик од инфекциja, се препорачува да се избегнува одењето на козметичар, посетата на сауна, користењeто на базен или пак директна изложување на сонце, барем 3 дена после третманот. Исто така по интервенцијата се советува е да не се конзумира алкохол барем еден ден, но да се пијат повеќе течности, со цел да се намали природната ресорпција на хијалуронскот филер од организмот. Исто така се препорачува лицата да не се изложуваат на голем физички замор или тренинг барем еден ден.

Кому не му се препорачува?
Хијалуронските филери не ги препорачуваме

на лица со инфекција во региите за третирање (херпес, акни, бубулици)
на лица со автоимуни заболувања
на возраст под 18 години
кај трудници и доилки
кај пациенти со преосетливост или алергија на некоја од состојките
кај пациенти со нереални очекувања

Дали има ризик од несакани ефекти?
Несаканите ефекти се релативно ретки и со правилно планирање и со правилна употреба на високо квалитетни препарати, се сведени на апсолутен минимум.

Често, веднаш после третманот, во регијата каде е аплициран препаратот, видливо е благо црвенило и благ оток кои поминуваат за неколку часа.
Ретко се случува да се појави хематом (поткожно крварење) кој поминува за 4-7 дена.
Многу ретко, можно е настане реакција на организирање на филерот во форма на поткожни топчиња, кои можат да се отстранат со инцизија или со употреба на хијалуронидаза (ензим кој го разградува хијалуронот).

Што се случува доколку третманот не се повтори?
Во случај да не се повтори третманот, со текот на времето лицето постепено ќе изгледа како и пред третманот. Предноста на употребата на хијалуронот за естетски корекции е што целата интервенција е минимално инвазивна и целосно реверзибилна (после одреден период, ситуацијата се враќа како пред интервенцијата)

автор на тестот: д-р Ева Анастасова , д-р Александар Нечаковски
објавено: 22.01.2020
последна измена: 22.02.2020

 

 

Верзија за печатење Покани пријател да ја види оваа страница
Twitter Share

 
Стоматолошка ординација Д-р Нечаковски Ул. Филип Втори Македонски 54-1/1 Битола Тел. 047-254528, 070-312-264, 075-306-509