Пародонтопатија
Пародонтопатијата
претставува заболување на потпорното ткиво на забите (пародонтот) - ткивото што го
држи забот прицврстен во коската. Ова заболување доведува до постапно
и неповратно повлекување на непцата од забите, губење на коскената потпора и соголување и расклатување
на забите.
Главна причина за пародонтопатијата е забниот плак, а значење имаат и повеќе други фактори - генетската предодреденост, навиките, постоењето на други заболувања, постоење на проблематични изработки (лоши пломби, коронки, мостови) лоша поставеност на забите како и недостатокот на некои заби.
Забниот
плак се меките жолтеникави наслаги на забите во кои се
размножуваат бактериите од усната празнина со остатоците од
храната. Тука бактериите ги создаваат киселите продукти на
нивниот метаболизам и на тој начин доведуваат до растворување
на емајлот на забите, и воспалување на непцата.
Забниот
плак најпрво се создава на просторот меѓу непцето и забот
- вратот на забите и во длабоките
засеци на џвакалните површини на катниците. Ако не се исчисти
навреме (со помош на четка
и паста за заби) плакот се шири и ќе ги препокрие забите
целосно.
Ако забниот плак се остави на забите подолго (4 недели) тој
почнува да преминува во забен камен.
Забниот
камен се чисти многу потешко од забниот плак и за целосно и правилно да се отстрани потребна
посета на стоматологот.
автор на тестот: д-р Александар Нечаковски
објавено: 24.02.1998
последна измена: 03.07.2015
|