Stomatolog.com.mk - Д-р Нечаковски - Вашиот стоматолог на интернет  
 
Локација
Работно време
Услуги
Персонал
Вработување
Контакт
PRESS
За сајтот..
Ласерска
терапија (LLLT)
Порцелански
изработки
Продолжување на
клиничката коронка
За хијалуронските
полнители (филери)
За амалгамските
пломби
Имплантација
на заби
Фокални
заболувања
За кариесот
Пародонтопатија
Градба на забите
Бременоста и
  забите
Исхраната и
кариесот
Атеросклероза
За проблемите со
виличниот зглоб
Страв од
стоматолог
За хигиената
на устата
Криви заби
Фиксни протетски
  изработки
Забни протези
..за пирсингот
..за млечните заби
..за пломбирањето
Кандидијаза
Дијастема
Забна ерозија
Естетска стоматологија
-
Master Card
 
VISA
-
-
Протоколи за работа за време на пандемија од КОВИД-19

Covid-19Covid-19 пандемијата измени многу работи во начинот на нашето секојдневно живеење, а истотака и сигурно ги поремети Вашите редовни посети на стоматолог. Во месец март 2020, Министерството за Здравство на РМ препорача да се одложат сите стоматолошки интервенции, со исклучок на итните, со цел да се помогне во намалувањето на ширењето на вирусот.

Стоматолошката заедница во меѓувреме помина низ многу измени и сега најпосле сме среќни што можеме да се вратиме во нормална работна рутина. Иако многу работи се сменија, една остана иста, а тоа е нашата грижа за безбедноста на нашите пациенти. Спречувањето на зарази (Infection Control and Prevention) секогаш е еден од врвните приоритети во нашата пракса и тоа сигурно сте го забележале и при досегашните посети.

Следнот пат кога ќе дојдете во нашата ординација, можеби ке забележите некои промени, кои ги презедовме со цел да ве заштитиме Вас а исто така и нашиот тим.

Што е ново?

Tермините за посета и интервенција задолжитено мора да бидат претходно закажани на телефон (075-306-509, 047-254-528) или на електронска пошта.

Пациентите кои влегуваат во ординацијата при влезот во ординација треба да носат заштитна опрема за уста и нос (маска).

На влезот се поставени јасни упатства за однесувањето на пациентот во стоматолошката ординација.

Пациентите треба да ги остават сите лични предмети (телефон, чанта и сл.) на место кое е одредено за таа намена и кое се дезинфицира или е прекриено со фолија за еднократна употреба

Пред влезот, на подот е поставен материјал натопен во дезинфициенс за обувки или под (дезобариера)

Пациентите кои доаѓаат без закажан термин или пред време од закажаниот термин се упатуваат да почекаат пред ординацијата.

При доаѓањето во ординацијата задолжително се врши мерење на телесна температура со безконтактен термометар и утврдување на здравствениот статус на пациентот(на пр.дали кашла или има други видливи симптоми кои може да упатуваат на КОВИД 19 инфекција)

По утврдување на нормална телесна температура пациентите треба темелно да ги измијат рацете и да ги дезинфицираат со дезинфициенсот за раце кој е поставен во чекалната и тоалетот.

Од чекалната се отстранети сите предмети кои неможат да се дезинфицираат (списанија, весници, украси).

Столиците во чекалната се на оддалеченост од најмалку 1,5-2 метри

Во чекалната дозволено е да е присутен само по еден пациент или по исклучок двајца доколку вториот е родител на дете под 14 год или помошник на изнемоштено или слепо лице.

Пациентот треба да одговори на прашањата од анамнестичко-епидемиолошкиот прашалник, како и да потпише согласност за интервенција/стоматолошко лекување во услови на пандемија на КОВИД 19

Стоматологот и сестрата користат заштитна опрема која е поинаква од онаа која се користеше на претходните посети. Тоа вклучува различни маски, штитници за лице, наметки и очила.

По напуштањето на ординацијата од страна на пациентот се врши пребришување на кваки, рачки и други површини кои се на патеката на движење на пациентот и можно е да биле во допир со пациентот

Пациентите кои се со индикација за стоматолошки интервенции со очекувано значително присуство на аеросол се закажуваат на крајот на работното време

Во очекување на следната наша средба со вас, тука сме да ви одговориме на сите ваши прашања што ги имате во врска со чекорите кои ги преземаме за вашата и наша безбедност во нашата ординација.

За да закажете преглед, ве молиме јавете се на еден од нашите телефони или пак испратете ни порака.

soglasnostДоколку сакате да скратите време за пополнување на Aнамнестичко-епидемиолошкиот прашалник, и Согласноста за интервенција/стоматолошко лекување во услови на пандемија на КОВИД 19, документот можете да го симнете тука и да го донесите пополнет при Вашата посета.

автор на тестот: Стоматолошка Комора на Македонија,
Американска Дентална Асоцијација (ADA)
адаптација: д-р Александар Нечаковски
последна измена: 12.05.2020

Верзија за печатење Покани пријател да ја види оваа страница
Twitter Share

 
Стоматолошка ординација Д-р Нечаковски Ул. Филип Втори Македонски 54-1/1 Битола Тел. 047-254528, 070-312-264, 075-306-509