Бременоста и
здравјето на забите на идното новороденче
За време на бременоста се создаваат основите за сите 20 млечни заби и на првите трајни катници (шестите заби). Заради ова потребно е да се обрати внимание на исхраната на трудницата.
Освен тоа што треба да се води сметка храната да биде разновидна, за забите на идното новороденче важно е во дневната исхрана на мајката да има доволна количина на флуор. Потребната количина на овој елемент е 1мг/ден и во случаи кога во исхраната нема доволно флуориди, потребно е дополнување на исхраната со таблети кои содржат флуор, кои мајката би ги внесувала и за време на доењето.
За да се одреди дали во исхраната се внесува доволно флуориди, потребно е да се направи еден вид анкета на мајката и на нејзините навики (дали се пие вода од градскиот водовод или минерална вода која содржи повеќе флуор, на пример).
Забите кои се формираат во присуство на оптимална количина на флуор во исхраната, се хистолошки (со нивната градба) и морфолошки (со нивната форма) поотпорни на кариес.
За планирење на флуоридната заштита на забите на идното новороденче,
најдобро е да се изврши консултација со специјалист по детска и превентивна
стоматологија.
Бременоста
и здравјето на забите на мајката
|